Торонто по едногодишен пост, се израдува против Тампа Беј

Дербито на Истокот помеѓу двете најдобри екипи, Тампа Беј и Торонто им припадна на „јаворовите листови“ со конечни 4-2. Торонто по една година, конечно издвои позитивен резултат против „грмотевиците“, откако ги загуби претходните три меча. Канадскиот состав на тој начин ја запиша вкупно 29-тата победа сезонава, додека за Тампа Беј ова беше само петти пораз на домашен терен.

Неизвесно беше само во првата третина, додека гостите го направија првиот чекор кон победа со два гола во вторите 20 минути. Тампа Беј имаше шанси да се врати во игра, но на една минута пред крајот, Хајман ги реши сите дилеми на средбата во „Амали арената“.

 

Винипег џетс со убедлива победа од 5-1 над Нешвил предаторс ја оствари четвртата последователна победа. Џетси на тој начин се зацврстија на второто место во Западната конференција, додека Нешвил го претрпе третиот пораз во последните пет средби.

Сите три периоди им припаднаа на гостите, Нешвил за момент се врати во игра откако Арвинсон постигна гол за 2-1 во втората третина, но тоа беше единствената светла точка на мечот за „предаторите“.

Резултати НХЛ:

Тампа Беј лајтнинг – Торонто мејплс лифс 2-4

Нешвил предаторс – Винипег џетс 1-5

Бостон бруинс – Сент Луис блуз 5-2

Њујорк ајлендерс – Њу  Џерси девилс 4-1

Њујорк ренџерс – Чикаго блекхокс 4-3

Минесота вајлд – Анахејм дакс 0-3

Далас старс – ЛА кингс 1-2

 

- Оглас -

Најнови вести