Торонто покажа зошто е најдобар тим досега (Видео)

Екипата на Торонто сезона дефинитивно има победнички менталитет. „Рептилите“ продолжуваат со одличите игри и победи, а овојпат „настрада“ Орландо. Во неизвесна завршница, гостите победија со 93:91. Орландо преку Фурние на 2,3 секунди до крајот израмни на 91:91 и „магичните“ помислија дека ќе се изборат за продолженија.

Сепак, така не мислеа играчите на Торонто. И тие две секунди им беа доволни да направат акција за победнички поени. Грин успеа да се ослободи од својот чувар, ја прими топката, а потоа од близина, преку две „блокади“, да погоди за победа на гостите.

Резултати: Орландо – Торонто 91:93, Вашингтон – ЛА клиперс 125:118, Мајами – Бруклин 92:104, Њујорк – Портланд 114:118.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести