Торпедо во финишот го торпедираше Силекс

Екипата на Силекс претрпе пораз од Торпедо Москва со 1-4 во денешниот пријателски меч во Турција. Сите голови паднаа во второто полувреме.

Голот за Силекс го постигна Стојчевски во 57-мата минута, по огромна грешка на голманот на рускиот второлигаш. Тоа беше погодок за изедначување на 1-1. Во финишот, од 74-тата до 86-тата минута, Торпедо постигна три гола и на крајот победи убедливо со 4-1.

За кратовци, кои се на прагот на враќање во првата македонска лига, на подготовките во Анталија им следуваат контроли со бугарскиот тим Монтана, па со украински Мариопул и на крај, на 8 февруари со Рапид Виена.

- Оглас -

Најнови вести