Торцида дивееше и на улиците низ Сплит по поразот на Хајдук од Динамо (Видео)

По полуфиналниот натпревар во Купот на Хрватска меѓу Хајдук Сплит и Динамо Загреб, настана хаос на стадионот „Пољуд“, но и на улиците на хрватскиот град.

Веднаш по завршување на мечот, дел од навивачите ја пробија оградата на трибините и влетаа на теренот со цел да се пресметаат со навивачите на Динамо, популарните Бед блу бојси, а фудбалерите на Модрите веднаш се повлекоа во соблекувалните.

 

Полицијата спречи голем инцидент на теренот, а навивачите на Хајдук својот гнев од поразот го искажаа и по мечот низ улиците на Сплит.

 

Навивачите сакаа да се пресметаат со полицајците и кон нив фрлаа камења, факли, шишиња.

Поради хаосот кој го предизвика Торцида, навивачите на Динамо останаа повеќе од еден час на „Пољуд“.

- Оглас -

Најнови вести