Торцида предизвика прекин во Хрватска, судиите ги гаѓаше со пиво и со столчиња

Натпреварот од 17-то коло на хрватската Суперспорт лига меѓу Славен Белупо и Хајдук заврши без победник иако гостите водеа со 0:2, но во главната улога беа навивачите кои предизвикаа 20-минутен прекин.

Имено, во 36-та минута, гостинските навивачи незадолни од реакцијата на клупата на домашниот тим кои бараа црвен картон по еден прекршок на миленикот на гостинските навивачи „Торцида“, Марко Ливаја, тие почнаа да фрлаат разни предмети на теренот и кон клупата на Славен Белупо.

Помошниот судија Анте Мариќ прво беше погоден со чаша, а потоа и со тврд предмет, паричка или запалка, додека на теренот летаа и столчиња.

Поради тоа, главниот судија Анте Чулина, го прекина натпреварот и ги повлече фудбалерите од двете екипи во соблекувалните. За тоа време, Ливаја ги смируваше гостинските навивачи и по 15-тина минути, натпреварот беше продолжен, но делегатот предупреди дека ако еден предмет биде фрлен на теренот, средбата ќе биде прекината.

Што се однесува до натпреварот, Хајдук поведе со 0:2 со головите на Кровиновиќ во 12-та и на Пукштас во 28-та минута, додека Славен израмни во вториот дел преку Хоџа и Крстановиќ.

- Оглас -

Најнови вести