Тошак: Разочаран сум што Бејл уште не знае да даде изјава на шпански

Џон Тошак, кој по 40 години, во Иран ја заврши тренерската кариера, а во 2011 и 2012 беше селектор на Македонија, објави свои мемоари во книгата која ја има по британските книжарници и во неа пишува за најдобрите и најлошите моменти во кариерата.

„Да се биде тренер на Реал Мадрид, е фантастично, десет години во Баскија, исто така е фантастично, а Ливерпул? Тоа беа моите најдобри години во животот“, напиша Тошак, кој седум години играше за „црвените“ и постигна речиси 100 гола.

Тошак вели дека Икер Касилјас кога имал 18 години му е најдобриот млад играч кој го тренирал, иако му делувало дека е ситен за голман, а најубава атмосфера имало кога неговиот Бешикташ играл на гости кај Галатасарај.

Тошак мисли дека неговиот сонародник Герет Бејл можел повеќе да покаже во дресот на Реал Мадрид.

„Разочаран сум малку од него. Долго време е таму, а уште не може да даде интервју на шпански јазик. Не станува збор за тоа само дали ќе дава голови, туку таму каде што играш, треба да ја почитуваш средината“, изјави Тошак, кој и на 70 години продолжува со номадски живот и постојани преселби.

- Оглас -

Најнови вести