Кога Тоше Проески ќе ја запееше химната, се тресеа трибините на стадионот (Видео)

Поминаа точно 12 години од страшната вест дека на денешен ден во 2007 година трагично згасна животот на Тоше Проески. Пејачот кој го сакаа сите засекогаш ќе остане запамтен и по тоа дека беше голем вљубеник во спортот, а во еден период активно тренираше и одбојка.

Проески ја испеа песната „Македонски навива за вас“, која стана и навивачка химна и се слуша пред многу важни спортски настани кај нас.

Како една од најпознатите изведби на Проески ќе остане запамтена изведбата на националната химна пред дуелот против Англија, кога Тоше во придружба на пијанистот Симон Трпчески ја испеа „Денес над Македонија се раѓа“. Стадионот кој пред повеќе од 10-тина години „грмеше“ од гласот на Проески, сега го носи неговото име и презиме.

 

- Оглас -

Најнови вести