Тошевски не го спаси Ростов, Макаби Хаифа ги чека Тотенхем или Шкендија во плејоф-финале (Видео)

Давид Тошевски одигра десетина минути во финишот на мечот за Ростов против Макаби Хаифа, а дебито на евросцената за новиот клуб нема долго да го памети.

Ростов загуби со 1:2 и испадна, а Тошевски, кој влезе во игра во 82-рата минута, немаше многу можност да помогне во ситуација кога рускиот клуб играше со фудбалер помалку на теренот и имаше негатива од еден гол.

Домаќините поведоа со голот на Шумурудов во деветтата минута, но потоа се случи пресврт. Макаби израмни со голот на Рукавицја, а победа на гостите им донесе Абу Фани со гол во 60-тата минута.

Потоа Хлебов беше исклучен, па Ростов не успеа да се спаси од елиминација.

Макаби ќе им биде домаќин на Тотенхем или на Шкендија на први октомври во финалето за настап во фазата по групи во Лигата на Европа.

- Оглас -

Најнови вести