22.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Тотален хаос на Копа Америка, навивачи без билети преку вентилациски цевки влегоа на стадионот (Видео)

Аргентина ја освои Копа Америк, откако во финалето, по продолженија, ја победи Колумбија со 1-0, а единствениот гол го постигна Лаутаро Мартинес во 112-тата минута. Финалето ќе се памети по огромниот хаос пред почетокот, поради кој натпреварот доцнеше речиси час и половина.

Хаосот се создаде поради тоа што голем број навивачи успеаја да влезат на стадионот „Хард Рок“ во Мајами иако немаа билети.

Огромен организациски и навивачки хаос му претходеше финалето. Навивачите успеаја да ги пробијат заштитните огради и во општ метеж голем број од нив влегоа на стадионот без билети. Со тоа голем дел од навивачите коишто имаа купени билети, платени меѓу 1.600 и 6.000 долари, останаа без место на стадионот.

Додека дел од навивачите на стадионот влегоа насилно, се појавија и видеа од луѓе кои влегуваа преку вентилацискиот систем. Како изгледаше целото ова фијаско, можете да погледнете и од видеозаписите.

- Оглас -

Најнови вести