Тотална лудост: ги скина вкрстените лигаменти во коленото, а проба да игра (Видео)

Искусниот 30-годишен аргентински фудбалер, Хуан Динено, направи нешто што е невидено на спортските терени, иако имаше тешка повреда на коленото, се обиде да остане на терен и да игра.

Динено кој е играч на бразилски Крузеиро, на средбата со Интернасионал од бразилската Серија А при еден дуел со противнички играч се повреди во 25-тата минута. Прво мислеше дека не е ништо сериозно и дека болката ќе помине, но веднаш штом влезе на теренот почувствува непријатност, сфати дека е нешто лошо, ги стави рацете врз лице и веднаш побара да биде заменет.

За него сезонава е завршена.

- Оглас -

Најнови вести