Тотенхем би го пуштил Ериксен во Реал, ама за возврат го бара Иско

Кристијан Ериксен би можел уште во јануарскиот преоден рок да си замине од Тотенхем бидејќи договорот му истекува во јуни, па за клубот не би било добро ако налето остане и без фудбалерот и без пари. Затоа и во Тотенхем бараат излезно решение, а последна шанса да заработат на Ериксен им е јануарскиот преоден рок.

Иако од Реал Мадрид најавија дека не планираат некакви зимски трансфери, англиските медиуми постојано пишуваат дека Кралскиот клуб сака да го ангажира Ериксен. Во Тотенхем знаат за интересот за Данецот и од Реал ќе побараат како замена да им го продадат Иско, кој не игра стандардно. Договорот на Иско со Реал е до 2022 година.

Сезонава Ериксен на 20 меча даде два гола и имаше три асистенции, а Иско на 13 настапи за Реал, не беше директно вклучен со гол или асистенција.

- Оглас -

Најнови вести