Тотенхем броеше до пет и го доби најмладиот стрелец во клупската историја (видео)

Тотенхем лесно се соочи со седмолигашот Марине и славеше со убедливи 5-0 во третата рунда од ФА купот.

Петлите во комбиниран состав голем дел од работата завршија уште во првото полувреме, во кое реализираа четири погодоци. Три беа дело на Карлос Винисиус, а прекрасен слободен удар реализира Лукас Мура.

Во второто полувреме единствениот гол го запиша тинејџерот Алфи Девин, кој своето деби за сениорскиот тим на Жозе Мурињо го круниса со ефектен погодок. Така Девин се запиша во историјата на Тотенхем како најмлад стрелец со 16 години и 163 дена.

- Оглас -

Најнови вести