Тотенхем го претрка Манчестер јунајтед: бразилски напаѓач пристигнува во Лондон

Бразилскиот напаѓач Карлос Винисиус треба да го облече дресот на Тотенхем. Според најавите, лондонскиот тим ја доби битката за овој играч, за кого се интересираше и Манчестер јунајтед. Винисиус е во сопственост на Бенфика, а во Тотенхем сезонава треба да игра како позјмен играч со опција за откупување на договорот вреден 45 милиони евра.

Карлос е играч од школата на Гојас, а во досегашната кариера има играно и за Рио Аве, Монако и Гремио. Минатата сезона во дресот на Бенфика одигра 32 меча и постигна 18 погодоци.

 

- Оглас -

Најнови вести