Тотенхем има два моќни тима, Бејл го намести Андраде (Видео)

Тотенхем игра против ЛАСК со комбиниран состав, без главните ѕвезди Хари Кејн и Хјунг-Мин Сон, но Спарс на убедлив начин покажаа дека сезонава имаат моќен тим и широк спектар на екстра-квалитетни играчи, кои имаат големи амбиции.

Домаќините водат убедливо со 2:0 по првиот дел против австрискиот тим, а токму новите засилувања Бејл и Карлос Винисиус потврдија дека Жозе Мурињо добро пазареше во летниот преоден рок.

Винусиус, кој дојде од Бенфика му асистираше на Лукас Моура за предност на Тотенхем од 1:0 во 18. минута, а потоа Бејл, кој се врати во Тотенхем од Реал Мадрид го намести Андраде да си постигне автогол.

 

- Оглас -

Најнови вести