Тотенхем ја потврди трансфер-кражбата на векот и го претстави холандскиот бегалец (Видео)

Тотенхем и официјално го претстави Арно Данџума, своето најново засилување во зимскиот преоден рок што го доби на неверојатен начин.

На шега, трансферот на Данџума од Вилјареал во Тотенхем е наречен кражба на векот бидејќи 25-годишниот напаѓач веќе беше планиран како засилување за Евертон.

Кај Карамелите ги мина и медицинските прегледи, но тогаш се вмеша Тотенхем и го грабна Данџума како позајмен играч до крајот на сезоната.

Од Евертон дури објавија дека ги прифатиле сите услови што ги поставил холандскиот напаѓач на Вилјареал, сè било договорено и се чекал само потпис, но Данџума и буквално во последен миг побегна од клубот од Ливерпул и се пресели во Лондон.

Арно е роден во Лагос, Нигерија, но татко му, кој е Холанѓанец, го довел во својата земја и Данџума има холандски пасош и шест настапи за Лалињата, на кои постигна два гола.

- Оглас -

Најнови вести