Тотенхем ја реши најслабата одбрана во Премиерлигата, Кејн и Сон најдобар тандем во историјата (Видео)

Тотенхем со 4-0 победи на гостувањето кај Лидс, и си ги зголеми шансите во борбата за излез на европска сцена.

Доерти, Кулушевски и Кејн од 10-та до 27-ма минута му донесоа предност на лондонскиот тим од 3-0, и тоа беше резултат од полувремето. Лидс по четврти пат сезонава губеше со три гола разлика на полувреме. Точка на голеадата стави Сон во финишот, откако претходно домашните утнаа една 100 процентна шанса.

При 0-3, Стуарт Далас од Лидс имаше неверојатна утка.

Тимот на тренерот Марсело Биелса ја има најслабата одбрана во Премиерлигата сезонава, и стана првиот тим по Сандерленд од ноември 2005 година, кој прима три или повеќе голови на пет средби едноподруго.

Тандемот на Тотенхем, Кејн и Сон, испишаа историја на Премиерлигата со 37 голови во кои едниот погодувал, а другиот му асистирал. Втори се Лампард и Дрогба со 36, а третото место го делат Анри-Пирес и Агуеро-Давид Силва.

- Оглас -

Најнови вести