Тотенхем оваа сезона дури во последното коло избори опстанок во Премиер лигата, а составот пред новата натпреварувачка година ќе претрпи значајни промени во играчкиот кадар.
Тренерот на тимот од северен Лондон, Роберто де Ѕерби, составил листа на желби за претстојниот преоден рок, а очигледно главниот фокус е ставен на дефанзивниот дел од тимот.
Според информациите, промените ќе започнат од голманската позиција, каде што како цели се означени Џејмс Трафорд од Манчестер сити и Барт Вербруген од Брајтон.
Кога станува збор за одбраната, италијанскиот стратег го има насочено вниманието кон Џон Стоунс, кого го гледа како еден од лидерите на новиот тим. Покрај него, на листата се и поранешниот бек на Ливерпул, Енди Робертсон.
Тотенхем ја следи и ситуацијата со дефанзивецот на Борнмут, Маркос Сенеси, кој е интересен за повеќе клубови.
На списокот се наоѓаат и двајца фудбалери на Брајтон, поранешниот клуб на Де Ѕерби, дефанзивецот Јан Пол ван Хеке и дефанзивниот играч за врска Карлос Балеба.

