Тотенхем конечно ќе купи играч, и тоа од Барселона

Тотенхем покажа дека и без купување нови играчи, може да се направи успех. Лондонскиот тим ќе игра во финалето на Лигата на шампиони, иако во последните два преодни рока не купи ниту еден фудбалер. Политиката на клубот беше играта да се фокусира на актуелниот состав, а поголем дел од парите беа планирани во изградбата на новиот стадион.

Сега, откако стадионот е завршен и пуштен во употреба, во Тотенхем повторно размислуваат за купување нови фудбалери. Прв на радарот е Андре Гомес од Барселона. Играчот за врска не се докажа во каталонскиот гигант, па беше даден на позајмица во Евертон.

Тоа значи дека Гомес веќе има искуство во Премиер лигата, но треба да се пресели во Лондон. Се шпекулира дека фудбалерот веќе ги договорил личните услови со Тотенхем, но сега останува Барселона да се согласи да го продаде. Се очекува трансферот да биде вреден околу 30 милиони евра.

 

- Оглас -

Најнови вести