Тотенхем може без Мурињо, за победа им помогна „лежечкиот полицаец“ на Саутхемптон (Фото+Видео)

Муса Џенепо е трагичар на мечот меѓу Тотенхем и Саутхемптон откако направи пенал во 88-мата минута, што Сон Хеунг-мин го реализираше за победа на Спарс од 2:1.

Џенепо, кој ја имаше улогата на лежечки полицаец при слободните удари на Тотенхем, направи прекршок за пенал на самата линија на шеснаесетникот на Саутхемптон.

Во истата акција имаше и играње со рака на гостински играч, но пенал беше досуден потоа, по прекршокот на Џенепо.

По прегледување на моментот со помош на ВАР-системот беше досуден пенал за домаќините, што го реализираше Сон за победа.

Моментот од финишот на мечот што беше клучен за триумф на клубот од Лондон можете да го погледнете ОВДЕ.

Ова беше првиот меч на Тотенхем по смената на Жозе Мурињо и заврши со успех и три освоени бода.

Саутхемптон поведе со јубилејниот 100-ти гол на дани Ингс, но потоа се случи пресврт.

Герет Бејл успеа да израмни, а Сон да ја донесе победата на Тотенхем за успешно деби на Рајан Мејсон на клупата на Спарс.

- Оглас -

Најнови вести