Тотенхем на шопинг во Бергамо

Тотенхем е во преговори со двајца играчи на Аталанта, тврдат повеќе англиски медиуми. Нуно Еспирито Санто, новиот менаџер на Петлите, како први засилувања во своите редови ги посакува дефанзивецот Кристијан Ромеро и голманот Перлуиџи Голини.

Наводно трансферот на италијанскиот чувар на мрежата веќе е договорен, за кого подоцна ќе се обелоденат деталите. Голини е поранешен голман на Астон вила, што значи дека има искуство од англиски фудбал, па се очекува да му конкурира на Уго Љорис меѓу диреците.

Што е однесува до аргентинскиот стопер, Аталанта планира да ја активира клаузулата од 15 милиони евра бидејќи Ромеро моментално е позајмен од Јувентус за да може да оствари профит од негово евентуално заминување. Но, Тотенхем не планира да издвојува пари за Ромеро, туку да направи трампа со Давинсон Санчес, колумбискиот дефанзивец кој не ги оправда високите 42 милиони евра при неговиот трансфер од Ајакс во 2017 година.

- Оглас -

Најнови вести