Тотенхем очаен, 180 минути е без прецизен удар кон противничкиот гол

Тотенхем ремизираше без голови на гостувањето кај Брентфорд во меч од 33 коло на Премиер лигата, а Арсенал е тимот кој најмногу се радуваше на овој резултат. Со само еден освоен бод од овој меч, Тотенхем ја испушти четвртата позицијата на табелата, каде сега е нивниот градски ривал Арсенал со два бода повеќе.

Нападот е најголем проблем за тимот на Антонио Конте. Тотенхем веќе втор меч во низа не успева да упати ниту еден прецизен удар кон противничкиот гол. Против Брентфорд, гостите шутираа девет пати и сите шута беа непрецизни. Ако се знае дека Тотенхем и во претходното коло кога дома загуби од Брајтон со 0:1, не успеа да шутне ниеднаш прецизно, се потврдува дека нападот е главен проблем за овој тим.

 

 

- Оглас -

Најнови вести