Тотенхем оштетен, Жозе збесна: ВАР со досега најконтроверзно поништување на гол (видео)

Тотенхем загуби на гостувањето кај Шефилд јунајтед со убедливи 3-1, за првиот пораз на Петлите по рестартот на сезоната голема улога одигра ВАР-технологијата. Дефинитивно досега најконтроверзна одлука на новата технологија по која Жозе Мурињо буквално збесна и со пцофки се обрати кон судиите.

Кејн постигна израмнувачки гол по само две минути откако домаќините поведоа преку Берге, меѓутоа погодокот не важеше бидејќи во акцијата претходно Лукас при пад ја допре топката со рака, па реакцијата од ВАР-собата беше неминовна. Иако Бразилецот немаше намера да игра со раката, всушност топката се удри од него, сепак гостите претрпеа голема штета по што им потонаа сите бродови.

https://twitter.com/_FootballTV/status/1278748903752585216

На нешто повеќе од дваесетина минути до крајот на средбата, Мусе зголеми на 2-0, а човекот кој ја најави победата на Сечилата, Сандер Берге, ја потврди во 84-тата минута за убедливи 3-0. Кејн сепак дојде до погодок во последната минута од регуларните 90 за конечни 3-1.

https://twitter.com/_FootballTV/status/1278758137491861504

Шефилд со 12-тата победа сезоанава се врати на седмото место на табелата со 47 бода и повторно се приклучи во трката за пласман во Лигата на Европа, додека со поразот број 11, тимот на Мурињо застана на деветтата позиција на табелата со 45 бода.

https://twitter.com/_FootballTV/status/1278762713850744832

- Оглас -

Најнови вести