Тотенхем потпиша со Ромеро, Аталанта ја потврди неговата замена

Тотенхем го комплетираше трансферот на Кристијан Ромеро за сума од 47 милиони фунти, кој дојде од редовите на Аталанта. Аргентинскиот стопер потпиша петгодишен договор со Петлите и ќе биде значајно засилување на екипата на Нуно Еспирито Санто.

Претходно Аталанта ја потврди замената за Ромеро, а се работи за дефанзивецот на Јувентус, Мерих Демирал.

Божицата повторно се позајми од гигантот од Торино, а за позајмицата плати 2,5 милиони евра со опција да се откупи договорот на 23-годишниот Демирал за сума од 25 милиони евра.

Токму Ромеро беше позајмен од Јувентус, па Аталанта пред да го продаде го откупи за 16 милиони евра и оствари тројна заработка.

Демирал беше четврта опција на стоперската позиција зад Кјелини, Бонучи и Де Лихт, па не се изнаигра во две сезони забележувајќи само 32 настапи за Старата дама со еден постигнат подогок.

- Оглас -

Најнови вести