Тотенхем сака да го купи Пауло Дибала

Тотенхем повторно го насочи вниманието кон Пауло Дибала, а според англиските медиуми, лондонскиот клуб сериозно размислува да го доведе аргентинскиот офанзивец како слободен играч.

По турбулентната сезона во која во последен момент обезбедија опстанок, во Тотенхем се подготвуваат големи промени. Раководството веќе работи на реконструкција на тимот кој треба да одговара на стилот на Роберто де Ѕерби, базиран на напаѓачки и комбиниран фудбал.

Токму поради тоа, Дибала повторно се појавува како една од главните трансферни цели. Неговиот договор со Рома истекува наскоро, а сè погласни се најавите дека кариерата ќе ја продолжи надвор од Италија. Аргентинецот има желба да се испроба во Премиер лигата.

Интересот на Тотенхем за Дибала не е нов. Клубот и во минатото беше блиску до негов ангажман, а сега има можност да го доведе без обесштетување.

Сепак, поради честите проблеми со повреди, англискиот клуб размислува за краткорочен договор. И покрај тоа, во Тотенхем веруваат дека неговото искуство и креативноста можат значително да помогнат во создавањето поконкурентен тим за следната сезона.

Дибала сезонава за Рома одигра 22 натпревари во Серија А, постигна два гола и запиша шест асистенции.

- Оглас -

Најнови вести