Тотенхем се израдува на првиот гол на новиот стадион (Видео)

Тотенхем се мачеше речиси еден час, но на крајот успеа да го скрши отпорот на Кристал палас и со голот на Сон стигна до водство од 1-0. Овој погодок ќе остане запишан во историјата на клубот бидејќи е прв кој е постигнат на новиот стадион на лондонскиот клуб.

За Тотенхем ова е прв меч на стадионот кој го чекаше со години, а интересно е што пред да игра сениорскиот состав, беше одигран и меч во младинската лига, што значи дека Сон сепак не е првиот што ја затресол мрежата на головите од новиот стадион.

https://twitter.com/i/status/1113532525048156165

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести