Тотенхем се извади во Пловдив, Мурињо доаѓа во Скопје на мегдан со Шкендија (Видео)

Тотенхем и буквално се извади од работ на пораз во Пловдив и не дозволи сензационален неуспех против Локомотив откако постигна два гола во последните десеттина минути, кога на теренот имаше двајца играчи повеќе и победи со 2:1.

Тоа значи дека англискиот гигант ќе игра во Скопје за една седмица во полуфиналето од квалификациите за настап во Лигата на Европа, а противник ќе му биде Шкендија.

Георги Минчев со гол во 71-вата минута најави сензација, а Локомотив поведе со 1:0, но потоа остана со двајца играчи помалку, по исклучувањето на Карагерен и на Алмеида, што го искористи Тотенехм за победа.

Кејн погоди во 80-тата минута од пенал за израмнување, а Ндомбеле пет минути подоцна со втор гол за гостите направи комплетен пресврт.

Шкендија успеа со евроголот на Бесарт Ибраими да го победи и да го елиминира Ботошани и очекува спекаткл и нокаут-меч со Тотенхем на 24 септември во Скопје.

- Оглас -

Најнови вести