Тотенхем се распрашува за најдобриот млад играч во Серија А

Тотенхем е еден од трите главни кандидати за потписот на Душан Влаховиќ, 21-годишниот напаѓач на Фиорентина.

Виолетовите наводно би се задоволиле со сума од 60 милиони евра за српскиот голгетер кој изминатата сезона постигна 21 гол во Калчолигата и беше прогласен за најдобар млад играч на ова првенство.

Покрај Тотенхем, во конкуренција се уште Милан и шпанскиот првак Атлетико Мадрид, но Петлите финансиски се финансиски помоќни и може да одговорат на условите на Фиорентина.

Овој потенцијален транфер дава знаци дека управата на лондонскиот клуб полека ја губи битката да го задржи Хари Кејн во своите редови, кој јавно истакна дека е во потрага по нов предизвик, а на адреса на Тотенехм веќе стигна понуда од 100 милиони фунти од Манчестер сити за англискиот голгетер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести