Тотенхем со автогол стави крај на низата гостински порази (видео)

Тотенхем славеше со минимални 1-0 на гостувањето кај Фулам во малото лондонско дерби. Петлите не дозволија нивниот менаџер Жозе Мурињо да загуби четири гостински натпревари во низа, па до победата стигнаа со помош на дефанзивецот Адарабијо, но и ВАР-системот.

Контранападот на Тотенхем во 19-тата минута беше претворен во погодок, но иако Али шутираше кон мрежата на Ареола, стоперот на Фулам последен ја допре топката пред да ја помине гол-линијата.

Фулам стигна до израмнувачки погодок преку Маја во 62-рата минута, меѓутоа моменти претходно имаше играње со рака од страна на домашен фудбалер што претходеше на голот, па затоа тој се поништи по реакцијата на ВАР-системот.

https://www.dailymotion.com/video/x7zphis

Евертон исто така со идентични 1-0 славеше на гости кај ВБА благодарение на погодокот на Ричарлисон во 65-тата минута, по што Карамелите застанаа на четвртото место на табелата со 46 бода, еден повеќе од Вест хем, кој пак има и натпревар помалку.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести