Тотенхем тргна по фудбалер на Баерн, но ќе мора добро да плати ако сака да го ангажира

Репрезентативецот на Португалија, Жоао Палиња, по само една година е пред враќање во англиската Премиер лига. Минатото лето тој направи трансфер од Фулам во Баерн Минхен за 51 милиони евра, но не ги оправда очекувањата, а не ја доби ниту шансата која ја очекуваше.

Раководството на „баварците“ е подготвено да го продаде, но планот е да се вратат барем дел од средствата кои беа вложени, односно би го продале за околу 30 милиони евра.

Интерес за Палиња има од Тотенхем, а и самиот фудбалер изразил подготвеност да се врати во Лондон, градот во кој веќе настапуваше две години за Фулам.

- Оглас -

Најнови вести