Тотенхем за историја: Два преодни рокови без ангажман

Со затворањето на зимскиот преоден рок Тотенхем влезе во историјата на Премиер лигата како прва екипа која не реализирала ангажман цела една сезона. Додека на трансфер пазарот секоја година се трошат сѐ повеќе пари за играчи, „спарси“ го направија сосема спротивното и не го отворија ќесето за ниту еден фудбалер.

После неактивноста во текот на изминатото лето, ниту во јануари не пристигна ново лице во северен Лондон, иако Тотенхем се соочува со повреди на клучните играчи Хари Кејн и Деле Али. Шпекулации имаше многу, но без контретен потег, што навистина е импресивно ако се земе во предвид дека Покетино со ист состав веќе две години е при врвот во Премиер лигата.

Најверојатно главна причина е што управата вложи една милијарда фунти за градење на нов стадион, наместо истите средства да ги трошат на нови играчи. „Петлите“ и лани влегова во историјата и станаа првиот тим кој не ангажираше фудбалер во текот на летото според новиот систем на трансфери кој во Премиер лигата е воведен од 2003 година, а оваа зима го сторија истото.

Утре го отвораат 25-тото коло на домашен терен со Њукасл, мечот е закажан за 13:30 часот.

- Оглас -

Најнови вести