Тоти: Дибала ќе ја заслужи „десетката“ во Рома само ако остане 10 години на „Олимпико“

Легендарниот капитен на Рома, Франческо Тоти, смета дека дресот со број 10 во Римската волчица, мора да се заслужи.

Тоти чиј прекар е „Принцот на Рим“ смета дека најголемата звезда на Рома, Пауло Дибала може да ја носи „десетката“ само под услов да игра уште 10 или 20 години за Римската волчица. Дибала кој минатото лето пристигна на „Олимпико“ го носеше дресот со број 21, а навивачите на Рома бараат тој во новата сезона да игра со „десетката“ на грбот.

„Дали Дибала прави таква разлика во тимот и ја заслужува мојата десетка. Дибала го заслужува дресот со бројот 10 само доколку има намера да остане во Рома во наредните 10 до 20 години“, изјави Тоти.

Франческо Тоти, целата кариера (1989 – 2017) ја помина во Рома за кога одигра 786 натпревари и постигна 307 гола.,

- Оглас -

Најнови вести