Тоти: Дибала, со задоволство ти ја давам 10-ката, твоја е!

Пауло Дибала во следната сезона ќе игра за Рома, и во својот нов клуб, ќе го носи бројот 10 на грбот.

Пред неколку недели, најголемата легенда на Рома, Франческо Тоти, во Милано имал средба и разговор со Аргентинецот Дибала, и му најавил дека ако потпише за Волчицата, ќе му дозволи да игра со бројот 10, кој Тоти го носеше долги години.

Скромниот Дибала рекол дека во Рома би го носел и дресот со бројот 21, но тој го доби Немања Матиќ. Откако доцна синоќа Дибала се договори со газдите на Рома, Тоти повторно му рекол: „Десетката е твоја!“

- Оглас -

Најнови вести