Тоти ги процени шансите на Рома да ги купи Дибала и Роналдо

Најголемиот фудбалер во историјата на италијанскиот калчолигаш Рома, Франческо Тоти, не верува дека е можно Волчицата летово да се засили со Кристијано Роналдо или Пауло Дибала.

„Искрено, во ниту еден момент не поверував дека е можно Кристијано да дојде во Рома. Супер бил било да дојде, навивачите би биле задоволни, но реалноста е поинаква. А, за трансфер на Дибала имаше реални шанси. Се надевав дека ќе дојде, имаше разговори со клубот, но не знам што се случи, сега сето тоа пропадна“ – изјави Тоти.

Дибала е блиску до потпис за Интер, а Роналдо најверојатно сепак ќе остане во Манчестер јунајтед.

- Оглас -

Најнови вести