Тоти го победи корона-вирусот: Не беше прошетка во парк

Франческо Тоти закрепна од корона-вирусот по двенеделна борба, за која потврди дека воопшто не била лесна. Принцот на Рим, како што го нарекуваат, имал потешкотии со дишењето и комплетно ја загубил телесната сила, но сега посочи дека се чувствува многу подобро, односно прогласи победа против опасниот вирус.

„Како што знаете, последните неколку недели не се чувствував добро. Сега комплетно закрепнав и можам да кажам дека го прележав вирусот ковид-19. Воопшто не беше како прошетка во парк, температурата не се намалуваше, тешко дишев, ниту пак имав сила во себе. Поради корона-вирусот ми се воспалија и белите дробови. Но, со оглед на тоа дека навреме добив дијагноза, можев да се лечам дома, но тоа беа долги 15 дена. Корона-вирусот може да се победи само со правилна постапка“, посочи иконата на Рома, по што им се заблагодари и на лекарите кои се грижеа за него.

Инаку, пред Тоти да се зарази, неговиот татко не ја доби битката со корона-вирусот.

- Оглас -

Најнови вести