Тоти ги шокира римјаните, „лајкна“ објава на Манолас по победата над Рома (Фото)

Бура од реакции по социјалните мрежи предизвика едно допаѓање на Франческо Тоти. Легендата на Рома кликна „лајк“ на инстаграм-објавата на Костас Манолас, кој по победата од 4-0 над Рома, напиша „Голема победа, секогаш напред Наполи!“.

Фановите на Римската волчица се лути, зачудени и се прашуваат зошто на некогашниот капитен, кој во целата кариера играше за Рома, му се допаѓа објавата на Гркот, кој исто така е поранешен член на Џалоросите и три сезони играше заедно со Тоти.

- Оглас -

Најнови вести