Тоти го убедува Де Роси налето да ја продаде најголемата ѕвезда на Рома

Даниеле де Роси ја препороди Рома откако го наследи Жозе Мурињо и наскоро се очекува да добие долгорочен договор, а еден од првите потези би можел да му биде шокантен и тоа по совет на најголемата легенда на Римската волчица, Франческо Тоти.

Имено, Тоти и предложил на управата, а со тоа и на тренерот Де Роси, налето да ја продадат најголемата ѕвездаа на екипата, Пауло Дибала.

Според Тоти, Дибала иако е еден од најдобрите фудбалери на денешницата, има големи проблеми со повредите и Рома често игра без него во клучните натпревари. Тоти смета дека лидер на Рома мора да биде играч кој ќе игра на повеќе од 15 натревари во една сезона, а наводно слично размислува и Де Роси.

Како можна дестинација на Дибала се споменува Барселона која може да го добие Аргентинецот за само 15 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести