Тоти го засени и Пике во швалерство: Принцот на Рим уште неразведен си има нова девојка (фото)

Франческо Тоти и дефинитивно спроведе процедура да се разведе од сопругата Илари Бласи, со која е во брак од 2005 година и има три деца.

Главната причина е што Принцот на Рим си најде нова девојка, односно уште пред да стави крај на бракот веќе влегол во нова љубовна врска.

Врската со Ноеми Боки трае извесно време, прилично добро досега се криеја од јавноста. Ноеми во неколку наврати била забележана на „Олимпико“ стадионот разделена само неколку седишна од иконата на Рома.

Италијанските медиуми експресно открија детали околу Ноеми. Има две деца и е економист, а надовно кога Тоти одел во нејзиниот дом на „средба“ доцна во ноќта, Ноеми ги праќала децата на поседок.

- Оглас -

Најнови вести