Тоти си ја отвори душата: Паднав во депресија, татко ми почина од ковид-19, сопругата ме изневеруваше

Франческо Тоти изминативе месеци е во фокусот на јавноста во Италија поради разводот со својата долгогодишна сопруга Илара Бласи.

Легендарниот фудбалер на Рома се одлучи да се обрати кон медиумите за својата борба со депресијата изминатиов период, како и да ја открие вистината за сите случки во неговото семејство.

„Мојот татко почина од ковид-19, мојата сопруга не беше со мене да ме поддржи низ тешките денови и не е вистина дека јас сум тој што мамел.

Од мои блиски пријатели добив информации дека сопругата ме изневерувва. Се одлучив да погледнам во нејзиниот телефон, нешто што никогаш не сум го направил. Јас не бев повеќе јас, се преправав дека сè е добро иако не беше така. И да не беа невистините изнесени во медиумите, ќе си молчев“, изјави Тоти.

Славниот фудбалер и Бласи имаат три деца.

- Оглас -

Најнови вести