Тоти со бомба од тежок агол постигна неверојатен гол (Видео)

Поминаа три години откако Франческо Тоти ја заврши играчката кариера, сега Принцот од Рим и легенда на Рома има 43 години, но знае да одигра некоја партија фудбал и да покаже дека е велемајстор со топката.

Екипата наречена Тоти Спортинг клуб, со осум фудбалери игра локална лига, а неодамна Тоти постигна голчиште, негов 13-ти во 15 меча. Тој со надворешен фелш погоди од слободен удар и тоа од многу тешка позиција.

https://twitter.com/i/status/1217017577718931456

- Оглас -

Најнови вести