Тоти станува сè посериозен: Постои екипа за која би можел да се вратам во Серија А

Фудбалската икона на екипата на Рома, Франческо Тоти, повторно ги загреа шпекулациите дека е можно да се врати на теренот. Тоти, кој има 48 години, во фудбалска пензија замина во 2017 година, а целата кариера ја помина во дресот на Рома. Одигра вкупно 786 натпревари и постигна 307 гола.

Повеќе од седум години поминаа од последниот меч на Тоти, а тој сега најавува враќање. Пред една недела тој најави дека размислува да се врати на теренот, а сега само потврди дека тие негови зборови не биле кажани само на шега.

„За да можам да се вратам да играм во Серија А, потребно е да имам два месеца тренинг. Тоа е тајмингот. Не е шега. Сериозно го сфатив тоа. Постојат една или две екипи кои сериозно би прифатиле да бидам во составот. Сега треба да видиме што ќе речат моето тело и главата. Мојата глава веќе го знае одговорот, но ќе видиме како ќе реагира телото. Којзнае што ќе биде“, рече Тоти.

Во речиси две и пол децениската кариера, Тоти во дресот на Рома се радуваше на една титула во Серија А, а во 2006 година со репрезентацијата на Италија стана светски првак.

Според пишувањата на „Ла Република“, Комо е тимот кој му предложил на Тоти да се врати од фудбалска пензија.

- Оглас -

Најнови вести