Тоти уште еднаш ја покажа класата и постигна четири прекрасни гола во мал фудбал (ВИДЕО)

Франческо Тоти е мајстор на фудбалската игра и во тоа нема никакви сомненија. И покрај тоа што тој веќе осум години не е активен во фудбалот, на видеото коешто се појави на интернет може да се види дека сè уште ги има мајсториите во нозете.

Тој на мал фудбал постигна четири прекрасни погодоци и уште еднаш го увери светот дека своевремено сосема заслужено беше прогласуван за еден од најдобрите.

Некогашниот ас на Рома е синоним за верност и пред две децении одби големи понуди од Реал Мадрид само за да остане во тимот од детството, а погледнете во видеото како тој си поигруваше со противниците на мал фудбал.

- Оглас -

Најнови вести