Тоти застана во одбрана на Жоргињо: Не е лесно да се постигне гол од пенал

Италија синоќа пропушти шанса да го победи директниот ривал Швајцарија, откако дуелот на „Олимпико“ во Рим одигра 1:1. Аѕурите имаа шанса за победа, но Жоргињо промаши пенал во 90 минута.

Ова беше втор промашен пенал за Жоргињо во последните два меча против Швајцарија, кои завршија нерешено. Во одбрана на Жоргињо застана легендарниот Франческо Тоти.

„Голем е притисокот и одговорноста кога се шутира пенал, а посебно ако тоа е во последните моменти од мечот. Не е лесно да се изведува пенал. Секогаш ми велеа дека повеќето мои голови се од пенал, но сепак и тој пенал треба да го претвориш во погодок, а тоа не е лесно. Иако Жоргињо влезе во серија промашувања на пенали, тој сепак е шампион и нема сомнеж дека ќе биде подобар“, рече Тоти.

Во последното коло Италија ќе гостува кај Северна Ирска.

- Оглас -

Најнови вести