Тотре дебитира како стартер и игра како професор, храбрата Македонија веќе не се плаши од никого

Енур Тотре одигра прекрасно прво полувреме, иако е дебитант како стартер за Македонија, а и сите останати наши репрезентативци во Никозија против Ерменија делуваа беспрекорно во првото полувреме.

Иако настапуваме со сстартен состав што првпат игра заедно во ваква концепција и без главните ѕвезди Пандев, Алиоски, Барди, Димитриевски, Адеми, Николов, Спировски, Ристевски…, сепак, Македонија делуваше импресивно на теренот настадионот „НЕО ГСП“ во Никозија.

Најголема добивка се младите Тотре, Костадинов, голманот Шишковски, а веќе стандардните Тричковски, Трајковски, Ристовски и сите останати уште еднаш покажаа дека Македонија веќе не се плаши од никого, без разлика на квалитетот и на рејтингот на ривалите.

Имавме комплетна доминација против незгодните Ерменци во првото полувреме, поседот на топката беше убедливо на страната на македонските репрезентативци со 68:32 отсто, а и играта ни беше стабилна, сигурна во сите делови на теренот, па само недостасуваа гол(ови) за круна на одличното прво полувреме против Ерменците.

Мечот одлучува за првото место во нашата група и ова е директен дуел за врвот, што носи убава награда и пласман во Сегментот Б од Лигата на нациите во третото издание на натпреварувањето што го организира УЕФА.

- Оглас -

Најнови вести