Трабзон купи напаѓач на Валенсија, а Фенер позајми играч на Челзи кој играше за Бешикташ

Турскиот првак Трабзонспор, за кого игра Енис Барди, го засили нападот со Уругваецот Макси Гомес, кој доаѓа од Валенсија.

Од Трабзон најавуваат уште едно големо засилување, во завршни преговори се за враќање на Јусуф Јазиџи од Лил.

На ова реагираа од Фенербахче, чиј член е Езџан Алиоски, па и тие направија трансфер кој ќе ги разбранува духовите. На позајмица од Челзи го донесоа Миши Батшуаји. Белгиецот во минатата сезона играше како позајмен во Бешикташ и фановите на Црно-белите сигурно нема позитивно да ја прифатат неговата преселба во азискиот дел на Истанбул.

- Оглас -

Најнови вести