Трабзон му даде четири гола на Работнички, Барди го гледаше дуелот од клупата за резерви (Видео)

Екипата на Работнички го доживеа третиот пораз на подготовките, откако попладнево загуби од турскиот суперлигаш Трабзонспор со 4-1.

Работнички се што успеа да направи на овој меч беше да израмни на 1-1 со автоголот на Чакир во 17-тата минута. Во останатиот дел од натпреварот турците беа далеку подобар противник и заслужено забележаа победа. Сепак, ваквите натпревари ќе бидат од голема корист за Работнички за настапите во првата македонска фудбалска лига, со оглед на квалитетот кој е далеку од нивото на Трабзонспор.

Македонскиот репрезентативец, Енис Барди, не доби шанса за настап од страна на тренерот на Трабзонспор и остана на клупата за резерви.

До крајот на подготовките во Славонија, Работнички ќе одигра уште еден пријателски натпревар, и тоа против Ал-Етифак од Саудиска Арабија, екипа во која настапува Дарко Велковски, а од клупата е предводена од англиската легенда Стивен Џерард.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести