Традицијата е неумолива: Сигурица меч за ГГ3+

2705 Хонка – Хака (17:30 ч.)

Хонка очајно го започна првенството, посебно на свој терен, каде што има три порази во три меча, па единствените шест бода освоени во досегашните девет кола се на гости. Хака е ривал кој реално може да биде победен и домаќините конечно да се израдуваат на првите бодови на свој терен.

Предлог тип: 1 (1.97)

 

2501 Бодо/Глимт – Молде (18 ч.)

Дерби на двете провопласирани екипи во норвешкото првенство. Двете екипи имаат идентичен биланс од шест победи, две нерешени и еден пораз и имаат по 20 бода. Бодо/Глимт дома е со четири победи и едно реми во пет меча, но и Молде е без пораз на гости (две победи и две нерешени).

Традицијата вели дека кога играле овие два тима, на 19 од последните 21 средба имало барем по еден гол на двете страни, односно било гол-гол ситуација, а дури 17 пати било и ГГ3+.

Предлог тип: ГГ3+ (1.65)

 

2504 Одд – Тромсо (18 ч.)

Дуел на две екипи со сличен квалитет. Тромсо е тим кој одлично се снаоѓа на гостински терен, но секако дека домаќините нема да дозволат лесно да ги загубат бодовите.

Традицијата вели дека на последните пет меѓусебни дуели има победник, што значи дека се игра без многу калкулации, па може и да се очекуваат погодоци во двете полувремиња.

Предлог тип: 1-3 I& 1-3 II (1.76)

 

2704 Хелсинки – КТП (17:30 ч.)

Победникот на овој меч е познат уште пред да започне. Хелсинки е тим кој е многу појак од гостите и доминира во финското првенство, што се гледа и на табелата каде што има освоено 25 од можните 27 поени.

КТП е претпоследен само со четири бода од седум меча и има лоша низа од четири порази. Хелсинки нема милост кон овој ривал, барем ако се видат резултатите од последните три меѓусебни меча, кога фаворитот победувал со 6:1, 5:1 и 4:0.

Предлог тип: 1-1&4+ (2.90)

 

2506 Стабек – Волеренга (20 ч.)

Волеренга е екипа која цели на горниот дел од табелата, но по првите девет кола, како да се специјализира за мајстор за нерешени, па четири меча веќе има одиграно без победник.

Стабек е во лоша форма, има три порази по ред и е на претпоследното 15-то место на табелата. Одбраната им е послаб дел на двете екипи, па покрај фаворитската улога на гостите, може да се очекуваат погодоци.

Предлог тип: Х2&3+ (2.30)

 

- Оглас -

Најнови вести