Традицијата и квалитетот покажуваат дека ваков коефициент за победа на Реал Мадрид е подарок!

Реал Мадрид полека влегува во победички ритам, што се потврдува и со четирите победи по ред на шпанскиот шампион. Кралскиот клуб утре гостува кај Еибар, а коефициентот за победа 42 гола на гостите е одличен. Sport Life за „двојка“ нуди коефициент 1,60, што е „подарок“, ако се знае квалитетот на двата тима, но и традицијата во меѓусебни дуели.

Во последниве 16 години, овие клубови одиграле вкупно 13 меча, а Реал има 11 победи, додека еднаш било нерешено и само еднаш Еибар се радувал на триумф. Во овие 13 средби постигнати се вкупно 42 погодоци, што е просек од 3,2 на натпревар.

Еибар сезонава има многу проблеми на домашен терен и е единствениот тим што не се израдувал на свој терен во Примера сезонава. Во седум средби, Еибар дома има четири нерешени и три порази, без победа. Реал на гости е со четири радости, три нерешени и еден пораз.

Што се однесува до моментните состави, Еибар има дури осуммина повредени играчи додека Реал е речиси комплетен и треба да игра во најсилен состав, што е само уште една потврда за сигурен триумф на гостите, а ако се следи традицијата, да има и барем три гола. За 2&3+ во Sport Life, коефициентот е одличен и изнесува 2,35.

 

- Оглас -

Најнови вести