Традицијата продолжи, Лајпциг никогаш не губи во петок вечер

Ред Бул Лајпциг со победата од 1-0 на гостувањето кај Арминија во Билефелд, повторно се најде на само еден бод негатива во однос на Баерн Минхен, а лидерот на табелата и актуелен првак на Германија има и еден меч помалку.

Марсел Забицер на почетокот на второто полувреме беше стрелец на голот, со кој продолжи традицијата Лајпциг никогаш да не губи од тимови кои претходната сезона играле во втора лига, и никогаш да не губи кога игра во петок вечер. За Забицер, ова е 50-ти гол во дресот на Лајпциг. Црвените бикови ги добија сите мечеви сезонава кога капитенот Забицер дава гол.

- Оглас -

Најнови вести