Традицијата продолжува, Нејмар секогаш е повреден пред роденденот на сестра му!

Голема загриженост има во редовите на Пари Сен Жермен поради повредата на Нејмар на синоќешниот меч против Каен во францускиот куп бидејќи за пет дена Светците треба да играат со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите. Ако Нејмар не може да игра, тоа ќе биде сериозен хендикеп за нив.

Нејмар доби удар и мораше да излезе од игра, а сега се чекаат лекарските прегледи за да се утврди колку време ќе треба да паузира Бразилецот.

Навивачите се сетија на теоријата за повредите на Нејмар секоја година во исто време. На 11 март роденден прославува неговата сестра Рафаела и речиси десетина години по ред Нејмар секогаш е повреден во тој период и со разни изговори добива дозвола да се појави на роденденските прослави на неговата помала сестра.

До роденденот на Рафаела има уште еден месец, но по влегувањето во Бразил, се седи две недели во карантин. На интернет има разни шеги на оваа тема. Еден од коментарите е дека три работи се сигурни од кои нема бегање: смртта, плаќањето данок и дека Нејмар е повреден кога сестра му има роденден.

Од 2015 до 2018 година Нејмар никогаш не играше околу 11 март поради повреди и секогаш беше присутен на роденденските прослави. И во последните години Нејмар наоѓа начини да „фати кривина“. Овојпат ситуацијата е малку поинаква, тешко дека Нејмар не сака да игра против Барселона, а за повреда која ќе го спречи да игра на 11 март има време и по дуелот со неговиот некогашен клуб.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести