Трагедија: Фудбалер тргна да купи роденденски подарок за мајка му и загина

Фудбалерот на српскиот клуб Славија Пивнице, Миљан Ракочевиќ-Сарма (23), загина во сообраќајна несреќа која се случила на патот Сивац-Кула во Војводина, кога во неговиот автомобил од спротивната насока удрил голф 4, кој го возела 26-годишна девојка.

Сара возела од Црвенка кон Сивац и директно се забила во колата на фудбалерот, кој загинал на лице место, додека девојката е пренесена во болница во Сомбор. Има шпекулации дека таа пред да удри во автомобилот на Ракочевиќ, гледала во мобилен телефон, дури и дека имала лаптоп во скутот и дека тоа ѝ го одвлекло вниманието кај неа.

Миљан бил најмлад од трите деца, а одел да купи подарок за роденденот на неговата мајка. За жал, наместо роденденско славење, во семејството се случи трагедија и тага.

Ракочевиќ играл за Црвенка, Хајдук Кула, Бачка Топола и Славија, клуб кој се натпреварува во сомборската лига.

- Оглас -

Најнови вести